петок, 22 февруари 2008

Хаклбери Фин

Иако постојат навистина многу книги за читање од најразлични жанрови, верувам дека многу од нив се досадни и не посветуваме многу внимание. Факт е дека секој што сака да чита сака своето време да го посвети на некоја навистина интересна книга во кој и самиот тој ќе се внесе и ќе се соживува со настаните. За нашата возраст постои една многу интересна книга која е исполнета со авантури и интересни настани. Нејзиното име е Хаклбери Фин или позната како Хак Фин. Кој ја прочитал, сигурно знае за што се зборува, а оној кој не ја прочитал ќе може сега да го прочита нејзиното резиме.

Се зборува за мало дете чиј најдобар другар е Том Соер за кого има и посебна книга но тоа сега не е важно. Хак е дете кое нема мајка уште од самото негово раѓање, а татко му пијаница и лош човек. Тој живее во голема куќа каде е и одгледан. Животот му е исполнет со авантури. Прави и некои недозволени работи, но станува збор за дете кое си го исполнува неговиот детски живот на начинот на кој тој сака. Мошне е среќен и поминал се што може да помине во еден забавен детски живот. Реков ова е само резиме на книгата како една мала увертира во настаните од неа. Прочитајте и ќе видите каква е целата книга.

Ние сме архитекти на мигот

Ајде да најдеме време да бидеме љубезни, тоа е патот на среќата. Да најдеме време да сонуваме, тоа е патот до звездите. Да најдеме време да сакаме и да бидеме сакани, тоа е привилегија на Боговите. Да најдеме време да погледнеме околу себе, денот е премногу краток да се биде себичен. Да најдеме време да се смееме, тоа е музика за душата. Оваа изрека многу ми се допадна и сметам дека треба да ни е водилка низ животот, моја водилка, водилка на моите пријатели и на сите мали и големи луѓе од овој свет.
Животот е неисцрпен дијалог со времето и општеството во кое живееме. Добрината и доблеста на човекот се длабоко запретани во неговата душа и со многу маки и жртви се обидуваат да излезат на виделина. Сите тежнееме кон општество каде има заедништво, солидарност, каде нема дискриминација меѓу народите, нема омраза. Стремежот кон идеален живот ни е во крвта и никогаш не мирува. Но, до тоа совршенството, како и до небото не може да се стигне со еден скок – тоа е најголемата мистерија на светот како што вели Ог Мандино. Мора да градиме скали по кои ке се искачуваме нагоре и ке ги совладуваме сите предизвици кои ни ги носи животот. Со искачување на секое скалило ние треба да совладуваме и да усвојуваме правила на животот кои ќе не носат кон посреќно утре: добрина, искреност, чесност, вредност, хуманизам, послушност, дисциплина, самопочит и почит кон другите, грижа и солидарност и што ли уште не! Така скалилата се надоврзуваат едно до друго, а ние сме архитекти на мигот, затоа што во секој миг се надоградуваме себеси и се извишуваме до совршенство по кое сите мечтаеме.
Па да почнеме да се искачуваме!
Со нашето раѓање започнува да чука едно мало и искрено срце. Со секое негово отчукување ние растеме, се оформуваме, се менуваме и стануваме луѓе. Но сите луѓе не се еднакви - никогаш не биле и никогаш нема да бидат.
Следниот чекор е семејството. Корените на семејството, семејните традиции и обичаи, се она што не прави посилни. Само со почитување на семејството ке можеме да се почитуваме себе си и да се бориме за сопственото и исконското во нас. Така ке научиме да ја сакаме и татковината во која живееме, да ја чуваме и браниме.
Преку образованието секој човек треба да тргне најпрво од себеси, да почне во себе да ги развива универзалните вредности. Писменоста и убавото однесување се развиваат со книгата и духот проткаен со лирика, епика и дијалог.
Најголемото скалило е животот. Тој накратко и наједноставно може да се опише како "борба за опстанок"! Животот не е ни противник, ни проблем, тој е потрага по самиот себе. Тој е наш патоказ кон посветло утре и не води во светот исполнет со среки и трагедии.
Светот е опасно место. Не од оние кои прават зло, туку од оние кои гледаат и неправат ништо. Реалноста е онаму каде е лоцирана нашата свест.
Во светот има големи и мали луѓе. Големите се семоќни, и нив никој не им може ништо. Но, што се случува со оние малите, оние обичните? Што со оние кои со многу мака и жртви се обидуваат да излезат на виделина. Зошто кон нив животот да е толку суров. Зарем тие луге немаат никаква цел за освојување, никаква желба, идеал...Зошто толку да се разгоруваат и увеличуваат оние најлошите човекови особини? На овие луѓе треба да им помогнеме и со сите сили да им доловиме макар само еден мал дел од убавината на животот. Со тоа ке ја покажеме нашата хуманост и пожртвуваност.
А ако сакаме да се збогатиме, најпрво треба да се проучиме себеси и своите потреби. Така ке сватиме дека тие се слични на потребите на милијарда други луге насекаде околу нас.

Во светот има добри и лоши луѓе. Историјата изобилува со илјадници примери за тоа. Својата среќа не треба да ја градиме врз туѓата несреќа.Треба да учиме од историјата, да учиме од тугите грешки. Зошто некои народи како грешници се осудени на војување и истребување, а други се родени за освојување и поробување. Зошто едни се бели, други црни, трети жолти? Сите се луѓе, но не се сите исто третирани и се расно дискриминирани? Зар не може да се стави еднаш крај на се?
Ние сме тие кои треба тоа да го направиме и да се искачиме на уште едно скалило погоре кое ке не води до еднаквост меѓу луѓето, рамноправност, верско почитување и толеранција. Почитувањето на секоја нација е почитување на сопствениот народ, а тоа е почитување на самиот себеси. Се додека постои амбиција и додека постои слободна волја ке има водачи и нивни следбеници. Но нивниот дух треба да биде исполнет со љубов кон народот кој го водат. Се додека има омраза, гнев, непочитување, расна дискриминација, политичка конфронтација, ке има немири и војни, а тоа ке носи илјадници невини жртви.
И така полека се искачуваме по скалилата на животот. Јас како и сите сакам да живеам во свет без омраза, љубомора, завист. Ако можам да им помогнам на другите ке го сторам тоа. Сакам да бидам едноставна, чесна, природна, искрена. Да се среќавам со другите на рамноправна основа... Само оние личности со чисто срце ке ми ги покажат универзални вредности со кои располагаат и на тој начин ке ја истакнат нивната ангелската пригода како што тоа го правеше Тоше и илјадници други великани како него. Сакам преку милоста и правдината мирот да стане реалност, отворајќи ги сите човечки срца, надминувајќи ја омразата и победувајќи го злото со добрина. Копнеам да се извишувам кон небото поседувајки ги сите доблести кои може да ги има еден човек.

Advantages and disadvantages of studying in a private school

Studying in private school! Challenge, advantage, or maybe a mistake?
I started and I finished my primary education in a state school. In my opinion, environment equal for everyone, challenge equal for everyone, conditions for schooling according to the state criterion for primary education.
While I was visiting the mathematical classes in the private International High School, I did not expected that after the final test and after getting the stipend, I will find myself in a big dilemma. I was badgering myself and my parents for a long time with the question “Where should I continue my education”, until I finally decided to take the challenge that could not be rejected.
Today, after finishing the first half, I got the chance to say what are the advantages and disadvantages of studying in a private school.
Maybe it will sound unreal, but according to me, I have just one answer for the disadvantages “There are not any!”. A disadvantage could have just the individual participator in this educational system, that on the best organized course of study, he/she will find an imperfection.
Talking about the advantages, I would say that they could be felt on every field:
-the friendly relation between us and the professors
-the way of teaching, that allows us to learn the material during the classes
-small groups of students, that gives the professor enough time to pay attention to every single one of us.
-the way of marking, that is on the principle to get the deserved.
-the conditions in which we are studying
-the protection and control against the drugs, cigarettes, alcohol and violence.
It is a shame to compare!!!
The advantages are huge. The only thing that I can say:
“Professors be more strict, you are too good”

Ноќниот живот во Скопје

Најдобри кафулиња според мене за излегување навечер ми се Cox, Cova, Љубов. Во Рамстор ноќниот живот е интересен но за кратко време. Не можете да ја поминете целата вечер таму. Инаку не ми е јасно зашто сите мои врсници пијат. Што добиваат од тоа. Во кафулињата е дозволено точење алкохол на малолетници што лично не ми се допаѓа многу. Повеќето пијат од што сакаат да се направат фраери. Во дискотеки не е многу добро мислам ако сакате да отидете на малку гласна музика и играње добро е да отидете до една дискотека
Но пред тоа мора да јадете во седмица. Хаха. Пред Level ако излегувате ставете си ги парите на сигурно место затоа што лесно можат да ви бидат одземени. Ако сте забележале во странство дека на улица после десет нема луѓе тоа е затоа што е опасно ние треба да сме среќни затоа што имаме голема слобода. Инаку незнам дали знаете но деца под 16 години имаат излез само до 12 часот после 12 со дозвола можат да бидат уапсени. Знам дека звучи смешно но вистина е. Инаку ако сте хомосексуалци најпрепорачувано кафуле за хомо е Чипка. И ако седнете во Љубов и ви речат резервирано е да знаете дека сте многу мали за да седнете таму, само сте индирекно избркани. Во Cox персоналот е интересен. Тоа е малку поладно кафуле каде можете да видите опуштена атмосфера. За со партнерот да одите местото е измислено.

вторник, 12 февруари 2008

Introduction

Ние сме мала група на одбрани ученици кои учат во Интернационалното средно училиште. Во наредните денови ќе ги изложиме нашите мисли и идеи...