Ајде да најдеме време да бидеме љубезни, тоа е патот на среќата. Да најдеме време да сонуваме, тоа е патот до звездите. Да најдеме време да сакаме и да бидеме сакани, тоа е привилегија на Боговите. Да најдеме време да погледнеме околу себе, денот е премногу краток да се биде себичен. Да најдеме време да се смееме, тоа е музика за душата. Оваа изрека многу ми се допадна и сметам дека треба да ни е водилка низ животот, моја водилка, водилка на моите пријатели и на сите мали и големи луѓе од овој свет.
Животот е неисцрпен дијалог со времето и општеството во кое живееме. Добрината и доблеста на човекот се длабоко запретани во неговата душа и со многу маки и жртви се обидуваат да излезат на виделина. Сите тежнееме кон општество каде има заедништво, солидарност, каде нема дискриминација меѓу народите, нема омраза. Стремежот кон идеален живот ни е во крвта и никогаш не мирува. Но, до тоа совршенството, како и до небото не може да се стигне со еден скок – тоа е најголемата мистерија на светот како што вели Ог Мандино. Мора да градиме скали по кои ке се искачуваме нагоре и ке ги совладуваме сите предизвици кои ни ги носи животот. Со искачување на секое скалило ние треба да совладуваме и да усвојуваме правила на животот кои ќе не носат кон посреќно утре: добрина, искреност, чесност, вредност, хуманизам, послушност, дисциплина, самопочит и почит кон другите, грижа и солидарност и што ли уште не! Така скалилата се надоврзуваат едно до друго, а ние сме архитекти на мигот, затоа што во секој миг се надоградуваме себеси и се извишуваме до совршенство по кое сите мечтаеме.
Па да почнеме да се искачуваме!
Со нашето раѓање започнува да чука едно мало и искрено срце. Со секое негово отчукување ние растеме, се оформуваме, се менуваме и стануваме луѓе. Но сите луѓе не се еднакви - никогаш не биле и никогаш нема да бидат.
Следниот чекор е семејството. Корените на семејството, семејните традиции и обичаи, се она што не прави посилни. Само со почитување на семејството ке можеме да се почитуваме себе си и да се бориме за сопственото и исконското во нас. Така ке научиме да ја сакаме и татковината во која живееме, да ја чуваме и браниме.
Преку образованието секој човек треба да тргне најпрво од себеси, да почне во себе да ги развива универзалните вредности. Писменоста и убавото однесување се развиваат со книгата и духот проткаен со лирика, епика и дијалог.
Најголемото скалило е животот. Тој накратко и наједноставно може да се опише како "борба за опстанок"! Животот не е ни противник, ни проблем, тој е потрага по самиот себе. Тој е наш патоказ кон посветло утре и не води во светот исполнет со среки и трагедии.
Светот е опасно место. Не од оние кои прават зло, туку од оние кои гледаат и неправат ништо. Реалноста е онаму каде е лоцирана нашата свест.
Во светот има големи и мали луѓе. Големите се семоќни, и нив никој не им може ништо. Но, што се случува со оние малите, оние обичните? Што со оние кои со многу мака и жртви се обидуваат да излезат на виделина. Зошто кон нив животот да е толку суров. Зарем тие луге немаат никаква цел за освојување, никаква желба, идеал...Зошто толку да се разгоруваат и увеличуваат оние најлошите човекови особини? На овие луѓе треба да им помогнеме и со сите сили да им доловиме макар само еден мал дел од убавината на животот. Со тоа ке ја покажеме нашата хуманост и пожртвуваност.
А ако сакаме да се збогатиме, најпрво треба да се проучиме себеси и своите потреби. Така ке сватиме дека тие се слични на потребите на милијарда други луге насекаде околу нас.
Во светот има добри и лоши луѓе. Историјата изобилува со илјадници примери за тоа. Својата среќа не треба да ја градиме врз туѓата несреќа.Треба да учиме од историјата, да учиме од тугите грешки. Зошто некои народи како грешници се осудени на војување и истребување, а други се родени за освојување и поробување. Зошто едни се бели, други црни, трети жолти? Сите се луѓе, но не се сите исто третирани и се расно дискриминирани? Зар не може да се стави еднаш крај на се?
Ние сме тие кои треба тоа да го направиме и да се искачиме на уште едно скалило погоре кое ке не води до еднаквост меѓу луѓето, рамноправност, верско почитување и толеранција. Почитувањето на секоја нација е почитување на сопствениот народ, а тоа е почитување на самиот себеси. Се додека постои амбиција и додека постои слободна волја ке има водачи и нивни следбеници. Но нивниот дух треба да биде исполнет со љубов кон народот кој го водат. Се додека има омраза, гнев, непочитување, расна дискриминација, политичка конфронтација, ке има немири и војни, а тоа ке носи илјадници невини жртви.
И така полека се искачуваме по скалилата на животот. Јас како и сите сакам да живеам во свет без омраза, љубомора, завист. Ако можам да им помогнам на другите ке го сторам тоа. Сакам да бидам едноставна, чесна, природна, искрена. Да се среќавам со другите на рамноправна основа... Само оние личности со чисто срце ке ми ги покажат универзални вредности со кои располагаат и на тој начин ке ја истакнат нивната ангелската пригода како што тоа го правеше Тоше и илјадници други великани како него. Сакам преку милоста и правдината мирот да стане реалност, отворајќи ги сите човечки срца, надминувајќи ја омразата и победувајќи го злото со добрина. Копнеам да се извишувам кон небото поседувајки ги сите доблести кои може да ги има еден човек.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар