петок, 22 февруари 2008

Хаклбери Фин

Иако постојат навистина многу книги за читање од најразлични жанрови, верувам дека многу од нив се досадни и не посветуваме многу внимание. Факт е дека секој што сака да чита сака своето време да го посвети на некоја навистина интересна книга во кој и самиот тој ќе се внесе и ќе се соживува со настаните. За нашата возраст постои една многу интересна книга која е исполнета со авантури и интересни настани. Нејзиното име е Хаклбери Фин или позната како Хак Фин. Кој ја прочитал, сигурно знае за што се зборува, а оној кој не ја прочитал ќе може сега да го прочита нејзиното резиме.

Се зборува за мало дете чиј најдобар другар е Том Соер за кого има и посебна книга но тоа сега не е важно. Хак е дете кое нема мајка уште од самото негово раѓање, а татко му пијаница и лош човек. Тој живее во голема куќа каде е и одгледан. Животот му е исполнет со авантури. Прави и некои недозволени работи, но станува збор за дете кое си го исполнува неговиот детски живот на начинот на кој тој сака. Мошне е среќен и поминал се што може да помине во еден забавен детски живот. Реков ова е само резиме на книгата како една мала увертира во настаните од неа. Прочитајте и ќе видите каква е целата книга.

Нема коментари: